Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Усвоен предлогот за измени на Законот за минималната плата од 12.000 денари
Македонија

Усвоен предлогот за измени на Законот за минималната плата од 12.000 денари

август 4, 2017Updated:август 4, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На денешната 19-та седница, Владата на Република Македонија го усвои предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата и со тоа ја започна законската процедура за зголемување на минималната плата на ниво од 12.000 денари.

Ќе се овозможи исплаќање на иста висина на минимална плата за сите вработени во Република Македонија кои примаат минимална плата, а ќе се обезбеди и финансиска поддршка за фирмите од Буџетот на Република Македонија за да ја исплаќаат договорената повисока минимална плата.

Усвоените измени на предлог законот, владата во текот на денешниот ден веднаш ќе ги достави до Собранието на Република Македонија на разгледување и усвојување.

На седницата владата даде согласност за распишување за давање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 и над 3 хектари.

На седницата на владата се донесоа измени на Предлог програмата за финансиска поддршка во земјоделството како и Програмата за рурален развој со кои се издвоија нови 10 милиони евра директна поддршка за земјоделците.

Пред министрите од Владата на Република Македонија се најде и информацијата за очекувано производство и откуп на пченица и јачмен, за која беа донесени заклучоци со кои се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да изработи предлог програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во 2017 година и предлог Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за директни плаќања во земјоделството за 2017.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доби задолжение од владата да изработи предлог за изменување и дополнување на Законот за квалитет на земјоделски производи во делот на одредбите кои го уредуваат пазарот на брашно.

Во однос на кадровските прашања Владата на Република Македонија на вчерашната седница ги разгледа и ги усвои кадровските предлози и заклучи да именува членови на управни и надзорни одбори во установи, агенции и други органи што се во надлежност на владата.

Комисијата за кадровски прашања во владата, за секое лице поединечно, ја проверува содржината на поднесената документација за да се провери дали ги исполнуваат условите за именување и соодветно на фактите, Владата ќе ги објави одлуките во Службен весник на Република Македонија.

На денешната седница Владата на Република Македонија го разгледа извештајот за работатата на Државниот завод за статистика и усвои одлука за изменување на одлуката за утврдување на националната номенклатура на индустриски производи, заради, како што беше појаснето, тековно усогласување со европската номенклатура.

Дел од точките на дневниот ред на денешната владина седница кои се однесуваа на извештајот за работата на АД Македонски железници и транспорт, како и за други активности на ова претпријатие беа одложени заради констатирано отсуство на директорот на АД Македонски железници и транспорт.

Меѓу усвоените точки на дневниот ред се најде и Предлог законот за ратификација на Спогодба за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија.

На денешната седница беше донесена одлука со којашто се доделуваат стипендии на 50 странски државјани со потекло од Република Македонија, од земји во регионот за студирање на државните универзитети во Република Македонија, а исто така Владата на Република Македонија донесе одлука и за бесплатни курсеви по странски јазици за деца од семејства во социјален ризик.

Заменик претседателката на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, која претседаваше со вечерашната владина седница во нејзината завршница детално ги информираше членовите на владата за текот на Самитот на земјите на Јадранската повелба за кој рече дека е многу значаен, од причини што се отвора реална шанса за сериозно позиционирање на земјата во поддршката што ја добива за остварување на стратешките цели, членството во ЕУ и НАТО.

На седница што се одржа доцна синоќа, присуствуваше и заменик директорот на Дирекцијата за спасување и заштита Екрем Зендели, кој ги информираше министрите за стостојбата со пожарите во областа на Македонски Брод и на други локации низ земјата.

Во тој контекст Владата на Република Македонија изрази огромна благодарност до Република Бугарија, како и до Република Турција за испратената помош во справување со пожарите. Беше истакнато дека институциите се на терен сè до конечно гасење и локализирање на пожарите, а беа превземени и обврски да се истражат причините за појава на зачестените пожари на повеќе локации низ земјата.

актуелно Босна и Херцеговина Влада на РМ ЕУ македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.