Успешно тестиран „Циркон“, руски хиперсоничен проектил

Руската фрегата „Адмирал Горшков“ успешно ја погоди целта со хиперсоничната ракета „Циркон“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Тестирањето е одржано во Заполарје од каде што ракетата е лансирана од Белото море на цел во Баренцовото море. Ракетата помина повеќе од 350 километри со брзина од околу седум маха.

Со ова тестирање се потврдија тактичко-техничките карактеристики на вооружувањето.

Ракетата „Циркон“ може да развие брзина околу девет маха, што е девет пати повеќе од брзината на звукот и изнесува повеќе од 10.000 километри на час. Максималниот домет е илјада километри.

Планот е со ракетите „Циркон“ да се вооружат бродовите и подморниците на Руската морнарица.

„Циркон“ е првата хиперсонична крстаречка ракета на светот способна за континуиран аеродинамичен лет со маневрирање во густите слоеви на атмосферата со помош на сопствен потисок на моторот во текот на целата рута. Таа може подеднакво ефикасно да погодува цели на копно и на вода.