Утре без вода делови од Центар и Карпош

LinkSense.mk

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека утре, од 9.00 часот, без вода ќе останат жителите на Криви Дол, Момин Поток и дел од улицата „Скупи”, потегот од булеварот „8 Септември” до булевар „Илинден”, и околни стопански објекти.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач ф-400мм на булеварот „8 Септември”, на раскрсницата со Скупи.

Корисниците ќе бидат без вода од 9.00 часот до завршување на работите на дефектот.