Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен во Повардарието.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 1°C, а максимумот од 2 до 9°C.
Утринава најниска температура беше измерена на Попова Шапка -5, -3 беа измерени во Берово и Крушево, -2 во Прилеп и Маврови Анови, -1 во Охрид, Претор и Битола, 0 во Крива Паланка и Тетово, 1 степен беше во Скопје, Демир Капија, Виница и Дебар, 2 во Штип и Куманово, 5 во Дојран и 6 во Гевгелија.
Во изминатите 24 часа, до 7 часот утринава, најмногу дожд наврна во Крива Паланка и Виница, по 8 литри на метар квадратен, 6 во Прилеп и Берово, 5 во Куманово, 4 во Штип и Дојран, 3 литри во Демир Капија, 2 во Претор и Битола и 1 Петровец, скопско, Дебар и Крушево.
Најповеќе снег, пак, падна на Попова Шапка. Таму, висината на снежната покривка измерена утринава во 7 часот е 12 сантиметри.