Учениците на настава уште утре

За учениците утре е последен училишен ден во првото полугодие од учебната 2016/2017 година.

Околу 270.000 ученици, од нив 188.000 основци, ќе бидат на зимски распуст до 18 јануари 2017 година.

Во оваа учебна година, со оглед на тоа дека повеќе празници се во работни денови, зимскиот распуст е пократок за еден ден.