Граѓаните кои се заинтересирани за присуство на литургијата со папата, што ќе се одржи на 7 мај на плоштадот „Македонија“ во Скопје, уште денеска ќе можат да ги
подигнат бесплатните билети.
„Освен во католичките парохии во државата, сите заинтересирани граѓани за присуство на централниот настан на 7 мај, света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје, бесплатни билети ќе можат да подигнат и на улица „Македонија” кај Меморијалната куќа на Мајка Тереза, на излезот од ГТЦ спрема плоштадот „Македонија“ и на влезот од Старата скопска чаршија (поранешна Стоковна куќа „Мост“)“, информира координативното тело за организирање на посетата на папата Франциск на Република Северна Македонија.







