Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » УЈП и ДИТ заедно во контрола кај фирми кои злоупотребиле финансиска поддршка, контроли и кај текстилците за неисплата на плата
Економија

УЈП и ДИТ заедно во контрола кај фирми кои злоупотребиле финансиска поддршка, контроли и кај текстилците за неисплата на плата

февруари 9, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во координирана контрола на Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведена во декември и јануари во правни субјекти кои користеле државна помош за исплата на плати, како и кај работодавачи од текстилниот сектор по основ
на исплата на плати, констатирани се неправилности кај 26 компании во врска со земената финансиска поддршка, а 41 работодавач направиле неправилности во однос на исплата на плата и на минимална плата.

Податоците од спроведените конроли на прес-конференција денеска ги соопштија директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска.

Како што соопштија, заедничките контроли се спроведени во текот на декември 2020 и јануари 2021 година, кај фирми кои користеле државна помош за исплата на плата во месеците април, мај и јуни и во октомври, ноември и декември, по спроведена анализа од УПЈ за фирми кои користеле финансиска поддршка од државата, а не исплатиле плата на вработените во април, мај, јуни, октомври и ноември 2020 година и
критериуми за контролите биле износот на добиена поддршка, бројот на вработени, неисплатена плата повеќе од еден месец, како и и врз основа на добиени пријави од граѓани.

„По овој основ во декември 2020 и јануари 2021 година по овој основ се извршени контроли кај 60 даночни обврзници од областите подговорка на оброци и служење храна, изградба на згради копнен транспорт, цевоводен транспорт, трговија намало, туристички агенции, градежништво и слично“, рече директорката Лукаревска, која додаде дека при тоа кај 16 фирми се констатирани неисполнување на условот за добивање финансиска поддршка во однос на намалување на приходите, кај седум
субјекти е констатирано намалување на бројот на вработени повеќе од законски утврденото во месеците откако е доделена помошта, двајца работодавачи не го исполнувале условот и за намалување на приходите и намалуање на бројот на вработени, а еден работодавач кај кој е констаирано намалувањење на бројот на вработени веќе имал извршено враќање на помошта.

Согласно пропишаното во Уредбата за помош за исплата на плата во април, мај и јуни и законското решение за помош за исплата на плата за месеците октомври, ноември и декември, како што појасни Лукаревска, доколку работодавачот не ги исполнува условите треба да ја врати добиената финансиска поддршка во целост, заедно со камата согласно Законот за данчна постапка.

Таа додаде дека за работодавачот пак кој дал изјава за исполнување на условите за користење на поддршката, а не ги исполнил, се постапува согласно Кривичниот законик.

„Управата за јавни приходи соработува со Јавното обвинителство со цел нивно понатамошно постапување, односно покренување кривична постапка“, истакна Лукаревска.

Според директорката, од страна на УЈП механизмот на присилна наплата, како и контролниот механизам се во насока на враќање на средствата од злоупотребата на државната помош и изрекување казна за сторителите, односно упавителите за сторени злоупотреби.

Покрај овие, како што информира таа на прес-конференцијата, се спроведуваат и контроли во 11 фирми од текстилна и кожарска дејност и обрзници кои се заминаваат со продажба на кондиторски производи по основ на Данок на добивка, ДДВ, данок на личен доход, а поради утврдени одредени отстапувања од даночните пријави и завршните сметки.

Лукаревска појасни дека контролите на даноците се спроведуваат за изминатите пет години и надополни дека кај два даночни обврзника се соочуваат со несоработка и од страна на одговорните лица и дека истите контроли ги насочуваат кон финансиската полиција.

Кај овие субјекти се спроведуваат контроли заедно и со Државниот инспекторат за труд за неисплатени плати на работниците. Како што соопшти Тренчевска, извршени се вкупно 74 надзори кај исто толку правни субјекти, а предмет на контрола било да се утврди дали работодавачите им исплатиле плата и придонеси од плата на работниците согласно Законот за работни односи и дали исплатената плата е во износ
на утврдената минимална плата утврдена со Закон и утврдената основна плата во договорот за вработување согласно Законот за работни односи и Закон за минимална плата, При тоа се утврдени неправилности кај 41 работодавач.

„Согласно законските надлежности на ДИТ донесени се 41 решение со опомена работодавачите да ги отстранат неправилностите. Утврдените неправилности при инспекциските надзори се однесуваат на неисплатена плата и придонеси од плата на работниците во рокот утврден во Законот за работни односи, најдоцна по истекот на 15 дена, како и доплата на плата до минимална плата кај оние работодавачи кои исплатиле износ понизок од утвдената миниманлна плата“, рече Тренчевска.

Таа додаде дека по донесените решенија извршени се и контролни инспекциски надзори со цел дали работодавачите постапиле по решенија и дали ги отстраниле неправилностите, при што е констатирано дека 10 работодавачи постапиле по донесените решенија, шест не постапиле за што е изречена инспекциска мерка решение со наредба и даден е рок од осум дена за постапување, кај еден работодавач кој не постапил по ова решение изрешен е прекршочен платен налог во износ од 200 евра во денарска противвредност за претпријатието, кое е микро претпријатие до
10 вработени и за одговорносто лице од 150 евра во денарска поротиввредност. Неправилноста се однесувала на неисплатана плата нам еден вработен.

Според Тренчевска, завршени се 17 контролни надзори, а останатите се во тек.

Таа порача дека спроведените контроли имаат превентивен ефект, што може да се констатира и од намалениот број неправилности при инспекциските надзори генерално.

Според неа, превенцијата и зачестените инспекциски надзори придонесоа за почитувањена законските одредби, но како што вели за жал мора да констатираме дека се уште има работодавачи кои не ги почитуваат законите и со тоа ги прекршуваат работничките права.

Тренчевска најави дека ќе се продолжи со инспекциски контроли и ќе бидат санкционирани оние кои не ги почитуваат законските одредби, а ќе се продолжи и со кооридинирани акции со УЈП со цел платите да се исплатат редовно.

Лукаревска одговорајќи на новинарско прашање рече дека контролите во текстилните фабрики се вршат пет години наназад и не се прави провидна контрола, за да може да се детектираат работодавачи кои прават злоупотреба при исплата на платата.

актуелно ДИТ ујп финансиска поддршка фирми
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.