Фестивалот на европски филм „Синедејс“ од 18 до 24 септември

Годинашново 19. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ (CINEDAYS) ќе се одржува од 18 до 24 септември. По тој повод денеска во 13 часот, во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи првата прес-конференција.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат Маргарита Арсова, програмски координатор на фестивалот, Филип Николовски, директор на програма на МКЦ, како и екипата од филмот „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ, со кој ќе се отвори годинашното издание на фестивалот.