„Фејсбук“ заработува на раскинувањето со партнерот

Љубовните статуси се се’ повеќе на мета на маркетинпки кампањи

Благодарејќи на статусите на своите корисници, „Фејсбук“ многу добро знае кога завршуваат емотивните врски, а тој факт компанијата добро го материјализира. Со информациите за раскинување за врските, „Фејсбук“ ги упатува компаниите како на најдобар можен начин да го искористат скршеното срце на својот корисник преку строго целна маркетиншка кампања.

Со употребата на алгоритми кои го следат однесувањето на најголемата социјална мрежа на светот, „Фејсбук“ насочува одбрани клиенти токму кон профилот на поединецот како би се постигнала најголема маркетиншка заработка.

Тоа не е тајна, но не се случува секој ден самиот „Фејсбук“ да објави информации кои укажуваат на маркетиншки значаен период после раскинувањето.

Лицата кои ја прекинале љубовната врска главно не брзаат да го вратат својот статус на „single“.

Исто така, после објавувањето на статусот по правило следи агресивно посетување на „Фејсбук“.

Истражувачите тврдат дека три четвртини од корисниците се зависни од социјалната интеракција со пријателите и семејството кога сакаат да го надополнат времето кое до неодамна го поминувале со „другата половина“.

Значи, користењето на „Фејсбук“ значително расте – и до четири пати, во деновите после раскинувањето на врската.

Тоа што е преломно е дека „Фејсбук“ ги охрабрува компаниите со кои соработува да ги „бомбардираат“со реклами корисниците кои се оставени или кои ја оставиле донеодамна најважната личност во животот.

„Фејсбук“ ги советува клиентите на корисниците после раскинувањето да им пристапуваат на мобилните уреди, затоа што во тој период, според статистиките, тие често го поминуваат времето сурфајќи на интернет.