Фејсбук избриша профили, страници и групи од Русија

„Фејсбук избриша три мрежи профили, страници и групи заради ‘странско мешање’, Тие се направени во Русија и се ориентирани на афричките држави Мадагаскар, Централноафрчката Држава, Мозамбик, Конго, Камерун, Судан, Либија и Брегот на слоновата коска“, се наведува во соопштението на таа компанија.

Компанијата ги поврзува избришаните мрежи со рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин. Тоа, како што соопштија од Фејсбук, го покажала нивната „сопствена истрага“.

Во документот се наведува дека станува збор за 35 профили, 53 страници и седум групи на Фејсбук, како и пет профили на Инстаграм.

Фејсбук, исто така, истакна дека избришаните профили „често дистрибуирале“ материјали на „Спутник“ и телевизијата „РТ“.

Руските власти повеќе пати ја критикуваа политиката на Фејсбук кон Русија. Во средината на октомври директорот на таа компанија Марк Цукенберг ги обвини Русија, Иран и Кина за мешање во американските избори во 2020 година. Фејсбук блокираше четири мрежи профили, три од Иран и една од Русија, објаснувајќи го тоа како борба против странско влијание. Компанијата тврди дека целите на тие мрежи биле Соединетите Американски Држави, Северна Африка и Јужна Америка.