Филипче: Во недела ни стигнуваат 24.000 вакцини

LinkSense.mk

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва најави дека во недела, на 28 март во државава ќе пристигне првата пратка вакцини од „Астра Зенека“ преку Ковакс системот.

„Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот“, објави вечерва на својот фејсбук профил министерот Филипче.