Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Денеска треба да се финализираат деталниот план и препораките за мерките
Македонија

Филипче: Денеска треба да се финализираат деталниот план и препораките за мерките

мај 12, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Целиот детален план и препораките за функционирање во земјава во услови на епидемија на Ковид-19 ќе се финализира денеска, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче во гостување во емисијата Утрински брифинг. Тој додаде дека е тешко да се препорача попуштање на мерките само во одредени градови и региони, бидејќи од самиот почеток во справувањето со кризата пристапот бил на национално ниво.

-Во текот на вчерашниот состанок разговаравме за олабавување на некои мерки, но денеска се финализира таа дискусија. Треба да се финализира целиот детален план и препораките за функционирање. Целокупниот материјал е спремен, но кога ќе се прецизира датумот ќе се дискутира денес. Ние направивме еден наш автентичен модел според карактеристиките на населението. Две држави не може да се споредат една со друга. Сметам дека направивме прилично успешен модел на борба со вирусот.

Попуштање на мерките да биде само во одредени градови и региони е тешко да се препорача, бидејќи од самиот почеток имавме пристап на национално ниво.

Попуштањето ќе оди така, рече Филипче.

Нагласи дека димензионирањето на мерките е комплексен систем, а не за црно-бела ситуација кога нешто може да се имплементира, а после да се попушти.

-Станува збор за комбинација на мерки кои доколку се почитуваат ќе значи и намалување на трансмисијата на вирусот. Ние сме една од првите земји во Европа која препорача носење на заштитни маски, која доколку се почитува имаме сериозна шанса и покрај тоа што ќе препорачаме зголемена слобода на движење и скратување на полицискиот час, ќе имаме една од повеќето мерки која што ќе го спречи ширењето на вирусот, додаде Филипче.

Околу лажниот мејл кој што се појави деновиве и ги информира граѓаните дека имале контакт со заболено лице, Филипче вели дека во целиот изминат период голем проблем била борбата со лажните вести.

-Тие креираат паника, која го загрозува јавното здравје. Ова е сериозен прекршок и некој не смее да си поигрува.

Околу информацијата за лажните тестови кои се продаваат во една приватна болница, министерот Филипче изјави дека тоа е надвор од ингеренциите на министерството, туку предметот е за Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за лекови.

– Како министерство од почетокот набавуваме реагенси за капацитетите на нашите лаборатории. Тоа се реагенси за испитување на вирусот, а не на антителата, посочи министерот за здравство.

Нагласи дека сите јавни собири, ќе бидат со посебни протоколи.

-Тоа што е многу важно е дека со вирусов ќе живееме во целиот период кој е пред нас.

Тој нема да исчезне се додека не се измисли вакцината. Но морам да споменам и дека работата е под контрола и ги очекуваме протоколите и мерките од Комисијата, рече Филипче.

Министерот за здравство упати апел до граѓаните да не се собираат масовно, без оглед на тоа дали се верски или други собири.

-Ова е борба во која учествуваат сите граѓани. Сите граѓани се дел од тимот и на лекари и на здравствени власти со кои што ја биевме оваа битка. Сега сме во одмината фаза на битката. Битно е борбата да продолжи, зошто само така ќе се задржи позитивен тренд и нема да се соочиме со повторно зголемување на бројот на пациенти, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

актуелно план препораки прес филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.