Состојбата во македонските болници е многу сериозна

Утрово имав редовна координација со директорите на клиниките на која разговаравме за состојбата на хоспитализираните пациенти со Ковид-19, болничките капацитети,
терапиите…

Здравствениот систем секојдневно се менаџира, се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Затоа, посочува министерот, од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките, за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата.