Филипче: Состојбата е стабилна

„На редовниот состанок со директорите на кликите и ковид – центрите направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денес. Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на приеми на пациенти“, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

„Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“, напиша Филипче.