Во филмската селекција на 14-от Меѓународен фестивал на музички, филмски и сценски уметности „Балкан Трафик“ во Брисел, што оваа година ќе се одржи во дигитално издание од 23 до 26 април, е избран и филмот „Автобиографија на човекот-гулаб“ на Константин Плевнеш.
Главниот херој на овој филм, Владимир Степановиќ, во осум минути ја раскажува сопствената драма на исчезнувањето на неговата фамилија и исчезнувањето на поранешна Југославија.
Во 2017 година, „Балкан Трафик“ беше свечено затворен со претставата „Дениција“ од Петре М. Андреевски, исто така во режија на Константин Плевнеш, во изведба на Народниот театар од Охрид, со протагонистите Рубенс Муратовски, Димитрина Мицковска и Саша Ефтимова.