Финалето на Лигата на шампионите под знак прашалник

Последните 3 кола од сегашното издание на Лигата на шампионите, кои треба да се одржат помеѓу 12 и 23 август во Лисабон, се под знак прашалник поради новото избувнување на епидемијата на коронавирус во португалската престолнина.

Владата го врати карантинот за повеќето делови од таканаречениот
„Голем Лисабон“.

Мерката е потребна заради вознемирувачкиот бран на нови случаи на позитивни тестови во предградијата на градот.

Мерката сè уште не се однесува на центарот на Лисабон.

Зафатени се 19 од 24 окрузи на „Голем Лисабон’.

Во нив, луѓето ќе можат да ги напуштат своите домови само за основни потреби, како што се храна и лекови, како и да патуваат на работа.

УЕФА на 17 јуни потврди дека Лисабон ќе биде домаќин на финалето на
новиот формат на Лигата на шампионите.

Четвртфиналето, полуфиналето и финалето се очекува да се играат во Лисабон.

Финалето е предвидено да се одржи на стадионот „Да Луж“ на Бенфика
на 23 август.