Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Фого: НАТО во блиска иднина ќе и посака добредојде на Македонија
Македонија

Фого: НАТО во блиска иднина ќе и посака добредојде на Македонија

декември 12, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

НАТО го цени извонредниот напредок на Македонија и се надеваме дека во блиска иднина ќе ви посакаме добредојде како 30. сојузник во Северноатлантската алијанса, изјави денеска командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмиралот Џејмс Фого, по средбата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Тој изрази уверување дека посветеноста на другите 29 сојузници во НАТО кон колективната безбедност, ќе ја унапреди стабилноста и на Македонија.

„Последен пат бев во Македонија во 2004 година. Тогаш нашата визија за вашата земја беше Македонија да стане членка на НАТО и веруваме дека времето за тоа дојде. Во Скопје НАТО има Канцеларија за врски која тесно соработува со вашите власти, формирана е во 2002 година и дава совети во целокупниот процес за добивање полноправно членство во Алијансата, истакна Фого.

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол се заблагодари и за професионалниот придонес на македонските сили во Авганистан.

„Репутацијата на вашите сили секогаш е на завидно ниво, и секогаш е добро да бидете дел од нашите операции и мисии на НАТО надвор од земјата. Со задоволство го слушнав фактот дека размислувате за зголемување на вашиот придонес со сили во Авганистан или можеби на друго место во светот, рече адмиралот Фого.

Шекеринска од своја страна, се заблагодари на постојаната поддршка од страна на НАТО во процесот на планирање и реализација на одбранбените реформи.

Министерката за одбрана изрази уверување дека на почетокот на 2019 година Македонија ќе биде на масата заедно со сите сојузници на НАТО, а веднаш потоа со успешно завршен ратификуван процес ќе бидеме и 30.та членка на Алијансата.

„ Посетата на адмиралот Фого ја гледаме како уште еден израз на поддршката која НАТО ја дава на процесот на интегрирање на Македонија во најмоќниот воено-политички сојуз. Македонија покажа дека има капацитет за придонес и во командите на Алијансата и тоа со два штабни елементи во командата во Неапол. Денеска повторно разговаравме да обезбедиме присуство на наши штабни офицери во командата во Неапол во текот на следната година, рече Шекеринска.

Истакна дека како на одговорна команда за силите на НАТО на Косово (КФОР), Македонија со истата посветеност како и досега ќе продолжи да ја дава сета поддршка на силите кои и досега транзитираа низ Македонија, како и подготвеност за оперативна поддршка на силите на КФОР со штабни офицери од АРМ, што ќе претставува придонес кон НАТО и шанса за јакнење на регионалната соработка.

Посочи дека Македонија го продолжува и го засилува своето присуство и учество во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, бидејќи цврсто верува во вредностите на Алијансата, а тоа е дека мирот, стабилноста, и безбедноста во светот влијаат позитивно на секоја земја.

„Македонија беше наречена единствениот зрак на надеж во Европа во текот на оваа година, бидејќи со храброст и со одлучност, решивме да се справуваме со проблемите, а не да се оправдуваме со проблемите што го мачеа и нашиот регион и нас. Со мудри и храби одлуки продолжуваме на патот кон НАТО, што сега повеќе од било кога е близу до својата завршница. Повеќе од 25 години работиме Македонија да стане дел од НАТО. Оваа година поканата за НАТО самитот, започнатите и завршени разговори покажаа дека Македонија може и е решена да ги исполни своите стратешки цели, истакна Шекеринска.

актуелно македонија НАТО поддршка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.