Тајванската компанија Фокскон планира да известира повеќе од десет милијарди долари во изградба на фабрика за производство на екрани во САД, а следниот месец ќе ја донесе одлуката за нејзината локација, соопштија денеска од таа компанија.
„Во јули ќе ја донесеме одлуката“, изјави генералниот директор на компанијата Тери Гуо, и додаде дека ќе го споменатиот износ ќе биде инвестиран во периодот од пет години.
„Фокскон моментно размислува за Висконсин, Охајо, Мичиген, Пенсилванија и Северна Каролина како за можни локации“, истакна Гоу после годишната седница на акционерите.
Компанијата Фокскон, најголемиот светски производител на електроника и водечки добавувач на американскиот Епл, веќе извесно време разгледува можности за вложувања во САД, а генералниот директор неодамна истакна дека очекува оти ќе бидат потрошени нешто повеќе од седум милијарди долари за изградбата на фабриката во САД, каде нема индустрија за производство на панели, но е втор најголем пазар на светот за телевизори.












