„Фолксваген“ гради фабрика во Алжир

Компанијата „Фолксваген“ потпиша спогодба со алжиркиот партнер за продажба, фирмата „Совак“ (Sovac), за изградба на погон за монтажа на возила во таа северноафриканска земја, соопшти менаџментот на германскиот производител.

Според спогодбата вредна 160 милиони евра (170 милиони долари), фабриката ќе го исфрли првиот автомобил од производната лента во јуни 2017 година, а се очекува дека производството ќе биде 100 возила на ден.

folksvagen-1a

Погонот ќе биде изграден во местото Релизана, 320 километри југозападно од Алжир.

„Фолксваген групацијата одлучи да учествува во проектот на фирмата Совак затоа што успешно соработуваме со нашиот партнер долги низ години“, рече извршниот директор на „Фолксваген“ Јозеф Бомерт.

folksvagen-1

„За нас ова е логичен чекор кон зголемување на продажбата на возила во Алжир на долг рок“, истакна на свеченото потпишување на спогодбата генералниот директор на „Совак“, Мурад Улми.

Алжирскиот министер за индустрија Абдешелам Бучуареб, кој исто така присуствуваше на свеченоста, изјави дека новото мешовито претпријатие на „Совак“ и „Фолксваген“ покажува дека вложувањата и иновациите се можни во Алжир.

folksvagen-2

Фабриката ќе произведува неколку модели, вклучувајќи и „фолксваген голф“, „сеат ибица“, „шкода октавија“ и „кеди“.

„Фолксваген“ е втор производител на автомобили кој основа фабрика во Алжир, после францускиот „Рено“ кој таму отвори погон вреден повеќе милиони евра во ноември 2014 година.