Фон дер Лајен: „Ќе ја забрзаме имунизацијата на Западен Балкан“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти дека разговарала со премиерите на Македонија, Албанија, Корово, Црна Гора и Босна и Херцеговина и најавила дека „Европа ќе застане до своите партнери на Западен Балкан“ преку испораката на вакцините на „Фајзер“.

Остануваме со нашите партнери на Западен Балкан. Разговаравме околу испораките на вакцини кои ги финансира Европската комисија, за што поскоро да се спроведе имунизацијата на здравствените работници и на загрозените групи граѓани“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

(Фото: АП)