Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » (ФОТО)Спасовски: Нема случаи на киднапирање и вадење органи, тоа се дезинформации
Во Фокусот

(ФОТО)Спасовски: Нема случаи на киднапирање и вадење органи, тоа се дезинформации

февруари 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ниту има случај на киднапирање, ниту, пак, на лицата што во последните неколку случаи си го одземаа животот им недостигале органи. Тоа го потврди судска медицина. Во Северна Република Македонија нема ниту еден случај на убиство поради вадење органи, потенцира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој уште еднаш најостро ги демантираше информациите и шпекулациите во кои се злоупотребуваат актуелните случаи на исчезнати лица.

„Категорично ги отфрлам шпекулациите за наводни киднапери и наводна продажба на човечки органи. Тоа се лаги и дезинформации, рече министерот.

Тој посочи дека со вакви лаги и дезинформации се наштетува на општеството и на граѓаните, на кои навистина им треба помош.

Апелираше граѓаните да бидат спокојни и да не наседнуваат на ваквите лаги и како апсолутно неточни ги оцени наводите дека расте бројот на исчезнати лица.

„Напротив, статистичките податоци покажуваат дека во 2018 година имало 370 пријавени исчезнати лица, а на пример во 2014 имало 574, истакна Спасовски.

Министерот нагласи дека секој граѓани може да ја провери и верификува информацијата која се лиферува во јавноста и апелираше до граѓаните тоа да го прават од официјални извори и да не придонесуваат за ширење паники и вознемиреност.

Потенцира дека во континуитет во изминативе пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94 проценти.

„Како родител сочувствувам со секој родител чие дете е исчезнато и ги уверувам нив и сите родители во Република Северна Македонија дека овие истраги се третираат со целосна сериозност и посветеност, нагласи Спасовски.

На оние што, како што рече, шират лажни и со ништо непоткрепени приказни за трговија со човечки органи им порача „не помагате“. Истакна дека дел од овие случаи за жал понекогаш завршуваат како самоубиство што имало во последниот преиод и додаде дека во тие случаи важно е да се почитува приватноста на семејствата место да се прави спектакл од нивната тага и болка.

Тој изнесе сет препораки што може да помогнат во случаи на исчезнати лица – прво да се контактира МВР, а потоа и сите кои би можеле да го знаат местото на престој на исчезнатото лице, граѓаните да соработуваат со полицијата, да ги дадат информациите за пријателите и роднините на исчезнатото лице, места кои често ги посетува, здравствената состојба или начинот на однесување во блиското минато.

Меѓу сетот се и споделување на карактеристичните размислувања на исчезнатото лице, некриење информации од полицијата, обезбедување фотографија и дозвола полицијата да ја сподели со јавноста, обраќање до најблиската полициска станица, водење грижа за лицата кои имаат здравствени проблеми и болести заради кои ја губат способноста за осознавање, за кои, како што рече, не треба да се остават без придружба и надзор.

Во ширењето на овие лажни информации и шпекулации учествува одредена структура на луѓе, најчесто тоа го прават од политички побуди, но и поради други интереси.

„Многу е лесно да седнете пред компјутер и да напиште што било и со тоа во јавноста да кренете паника, рече Спасовски и нагласи оти имало случај и со поранешен началник на МВР кој објавил статус на социјалните мрежи во врска со исчезнатите лица и наводното вадење на органи, но потоа го повлекол статусот.

Тој им се заблагодари на медиумите кои имаат професионален пристап во овие случаи, но, како што рече, со жалење констатира дека има одредени структури на новинари за кои сензацијата е многу поважна од нашиот заеднички спокој и мир.

„Апелирам секој со својата одговорност правилно да придонесе за информирање на јавноста, рече министерот за внатрешни работи.

МВР има протокол што е предвиден за постапување во случаи на исчезнати лица, како се врши тоа барање и тоа се стандарди што не се почитуваат само во земјава, туку и надвор од неа.

Министерот нагласи дека фактите говорат дека во најголемот број случаи исчезнатите лица се пријавуват, а потоа самите семејства набрзо ги повлекуваат пријавите.

На прашањето дали тој 24 часовен период, кога полицијата реагира во случај на исчезнување на лице може да се скрати кога станува збор за деца, Спасовски рече дека МВР ги користи сите ресурси и капацитети за да може што е можно побрзо да се реагира во секој случај.

актуелно киднапирања лаги случаи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.