Франција: Короната доби слегувачка линија

Француските власти го исполнија три дена пред предвидениот рок планот за вакцинирање на 30 милиони граѓани, до средината на јуни.

Заклучно со вчерашниот ден, првата доза на вакцина против ковид, во оваа земја со вкупно 67 милиони жители, примија 30,2 милиони луѓе.

Епидемијата продолжува да оди по слегувачка линија. За еден ден, се заразиле 3.972 лица. Процентот на позитивните меѓу тестираните изнесува само 1,79 отсто.

Вчера од последици од корона вирус починаа 34 пациенти.

Бројот на вкупно хоспитализираните е намален за 216, на 12.496 лица, а на реанимација има педесет и тројца помалку, и моментно нивниот број е 2.110.

Одделенијата за интензивна нега во француските болници се пополнети со 41 отсто од нивните капацитети, што претставува значително олеснување во однос на претходниот период.

На сто илјади жители инфицирани се 51 лице, додека еден заболен во просек заразува 0,74 лица.

(Фото: МИА)