Франција му врати на Бенин богатство украдено во 19 век

LinkSense.mk

Денеска Франција свечено му врати на Бенин 26 предмети од богатството на кралството Абоме кои колонијалните војници го украле во 19 век, што претставува „историски момент на национална гордост“ за бенинските власти.

Министрите за култура на двете земји, Роселин Бачелот и Жан Мишел Абимбола, во Елисејската палата потпишаа договор за пренос на сопственоста на тие предмети кои во среда, после 130 години, ќе бидат вратени во Бенин.

Тоа е долгоочекуван симболичен, трогателен и историски момент“, рече францускиот претседател Емануел Макрон, кој во 2017 година вети дека ќе го врати наследството на Африка.

Целиот народ на Бенин ви е благодарен“, рече претседателот Патрис Талон, кој за оваа прилика допатува во Франција. „Но враќањето на овие 26 дела е само првата етапа“, нагласи и вети дека се врати при следните вакви настани, за кои вети францускиот претседател.

Меѓу делата кои ќе бидат вратени денес, кои беа изложени во парискиот музеј „Куаи Бранлеј“, се наоѓаат тотемски статуи од поранешното кралство Абомеј, како и престолот на кралот Беханзин, кои француските колонијани трупи ги украле од палатата Абомеј во 1892 година.

Овие богатства со нетрпение се очекуваат во Котон.

Во говорот во Оуагадоуго во декември 2017 година, Макрон се обврза да овозможи во рок од пет години времени или трајно враќање на африканското богатство од Франција.

На основа на известувањето на академици од Сенегал и Франција, одлучи да се вратат 26 дела кои ги бараат властите од Бенин. Законот донесен во декември 2020 година го овозможува тоа враќање.

Стручни лица сметаат дека меѓу 85 и 90 отсто од африканското наследство се наоѓа надвор од континентот. Од 2019 година, освен Бенин, уште шест земји, Сенегал, Брегот на Слонова коска, Етиопија, Чад, Мали и Мадагаскар и предале на Франција арања за враќање на нивно наследство.

Враќањето на уметничките дела го одбележува „новиот однос“ кој Макрон сака да го воспостави со Африка.

 

 

 

(Фото: ЕПА)