Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ФРАНЦИЈА НА НОЗЕ: Избеганиот „Мува“ не е „обичен“ криминалец, мора да се најде
Во Фокусот

ФРАНЦИЈА НА НОЗЕ: Избеганиот „Мува“ не е „обичен“ криминалец, мора да се најде

мај 16, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Мохамед Амра, францускиот затвореник кој во вторникот утрината на филмски начин побегна од рацете на полицијата, е најбараниот човек во Франција. Во затвор беше поради серија провални кражби, главно во продавници и деловни простории. Но, протекуваат детали кои фрлаат нова светлина на целиот случај. Амра, се верува, е важна ѕверка во светот на француските шверцери на дрога. Зад петиците моментно му се стотици француски полицајци.

Тамошните медиуми пишуваат за неговата поврзаност со нарко-бандата која е со седиште во градот Марсеј на француската ривиера.

Овој 30-годишен маж беше ослободен во невидена акција од неговите криминални пријатели.

Неговите „деловни пријатели“ во вторникот околу 11 часот, значи сред бел ден, ги пресретнаа полициските возила кои го превезувале Амра, познат и по прекарот „Мува“, во друг затвор.

Пред тоа, бил фатен како се обидува да ги пресече затворските решетки.

Управата на затворот во кој се наоѓал одлучила дека треба да биде преместен, но по пат Амра бил ослободен, при што загинаа двајца полицајци, а тројца се во критична состојба во болница.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, на „X“ напиша дека наредил активирање на планот „Епервиер“, специјална операција која се покренува во вакви ситуации.

„Се користат сите средства за да се пронајдат овие криминалци. Според моите упатства, мобилизирани се неколку стотици полицајци и жандарми“, изјави Дарманин за деталите од големиот лов по бегалецот, кој е во тек во Франција.

Нападот и ослободувањето на криминалецот се случи на северот на Франција во Нормандија.

Ивон Барбие, пензиониран сточар и сопственик на земјиште во близина на автопатот каде што беше ослободен Мува, за „Скај Њус“ изјави дека слушнал „30 или 40 многу силни истрели од огнено оружје“.

„Беше многу гласно, не се осмеливме да одиме да ја провериме стоката затоа што не сакав да ме застрелаат. Што можеа да направат тие затворски чувари? Имаа пиштоли, а тие другите имаа големо, сериозно оружје.“

Францускиот министер за правда, Ерик Дупон-Морети, за француските медиуми рече дека еден од загинатите полицајци имал 34 години и зад себе оставил бремена сопруга. Другиот, на возраст од 52 години, бил татко на две деца.

Медиумите го опишуваат Амра како „многу успешен бандит“. Во написите се споменува негова вмешаност во трговијата со дрога во Франција, а некои наведуваат дека бегалецот е карика во меѓународната трговија со дрога.

На судот во Марсеј беше обвинет за „грабнување што заврши со смрт“, поврзано со случајот со убиството на маж од Друкс во близина на Роуен.

„Мува“ е осомничен и дека во јуни 2022 година наредил убиство на подрачјето на Сен-Етиен-ду-Рувреј, во Нормандија. Неофицијално се поврзува со банда од Марсеј.

Амра, меѓу другото, се сомничи и дека е нарачател на атентат на француски државјанин во Шпанија, минатата година.

Овој релативно млад криминалец претходно 13 пати бил осудуван за помали прекршоци, како возење без дозвола, кражби и одбивање на наредби на полицијата да застане и да се легитимира. Меѓутоа, не се сметал за „радикализиран“ затвореник, барем така тврдат полициски извори во интервју за францускиот весник „Ле Фигаро“.

Поради обидот да ги пресече решетките во затворската ќелија, побарано е тој да биде префрлен во т.н. „дисциплински оддел“. Степенот на неговиот надзор е подигнат на трето ниво, што е едно скалило под нивото „посебен (или специјален) надзор“, кое е резервирано за најопасните затвореници во земјата, пренесува британски „Телеграф“.

„Додека трае големиот лов на бегалецот, француската полиција откри два запалени автомобили што ги користеле напаѓачите.

Едно од возилата, ‘пежо’, било употребено за да удри во полициското комбе. Второто, ‘ауди’, го следело транспортот на ‘Мувата’ и во него имало двајца вооружени напаѓачи“, изјави париската обвинителка Лоре Бекуа на конференцијата за новинари.

На снимката од надзорните камери се гледа целиот настан, односно бело затворско комбе во кое директно удрило црното „пежо“ додека возилото минувало низ наплатната рампа. Другиот автомобил на затворската управа, како што се гледа на видеото, го следи комбето, но се заглавува. Во истиот момент, од „пежото“ ислегуваат двајца мажи, додека други двајца одат до задниот дел од автомобилот што ги следел. Сите напаѓачи се облечени во црно, носат марами на лице и автоматско оружје. Доаѓа до судир со полицајците кои го следат „Мува“, а тоа завршува кобно за двајца полицајци.

Поради настанот, вчера, среда, беше прогласен за ден на блокади. Колоквијално наречен уште и „ден на мртвите затвори“, најавено беше дека ќе се одржи во затворите низ Франција, затоа што синдикатите на затворските службеници бесно реагираа на овој напад.

Локалните медиуми известија за демонстрации опред затворите низ земјата – вклучувајќи ги и оние во главниот град Париз, во Роуен, Ница, Грасеј, Драгињан и Амиенс.

Едноминутно молчење беше планирано во целиот француски казненоправен систем, вклучувајќи ги затворите и судниците.

Интересно е, инцидентот се случи истиот ден кога во францускиот Сенат беше објавен извештај во кој се предупредува дека владините мерки не успеале да го спречат процутот на наркотичката индустрија во Франција.

Претседателот на Одборот, Жером Дурен, рече дека Франција „сè уште не е нарко-држава“, но трговијата со дрога сепак претставува „директна закана за националните интереси“. Додаде и дека владините мерки против дрогата „не се во склад со предизвиците“.

„Законот и редот се главното прашање на француската политика во пресрет на европските избори следниот месец, а заседата и нападот на затворското комбе предизвикаа жестоки реакции кај политичарите, особено кај екстремната десница“, пишува „Франс 24“.

„Тоа е вистинско дивјаштво кое секој ден ја погодува Франција“, изјави Џордан Бардела, главниот кандидат на крајно десничарскиот Национален собир, кој води во предизборните анкети.

Меѓутоа, ова не е проблем што ја засега само Франција.

„Поплавата од кокаин, дрога кога од година во година е се повеќе во Европа, го поттикна организираниот криминал низ Стариот континент, а тоа доведе до се пожестоки судири со полицијата и смртоносни пресметки меѓу банди“, потсетува швајцарскиот „Свисинфо.цх“.

„Овој брутален напад покажува дека заканата од организиран криминал е исто толку голема колку и терористичката закана“, напиша комесарката за внатрешни работи на Европската унија, Илва Јохансон, на „X“, коментирајќи го настанот на северот на Франција.

„Мораме да се соочиме со оваа закана со иста решителност“, порача Јохансон.

Во извештајот на Сенатот стои дека во изминатите десет години има петкратно зголемување на заплените на кокаин во Франција и дека француската трговија со дрога имала годишен обрт од 3,5 милијарди евра.

Со оглед на тоа дека земјата е на „пресвртна точка“, препорачано е создавање на француска верзија на американската Управа за сузбивање на дрогата (ДЕА).

Марсеј е, се наведува во сите извештаи, епицентарот на насилството на француските банди, со посебно насилна војна меѓу бандите на трговци со луѓе.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Паскал Гијот / Ален Жокард – АФП)

актуелно бегство затвор Марсеј нормандија Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.