Франција: Се намалува бројот на заразени од корона

LinkSense.mk

Бранот од корона во Франција влезе во мирни води. Во последните 24 часа се регистрирани 59.003 заболени, што е потврда за постојаната тенденција на намалување на бројот на заболени.

Бројот на хоспитализирани во последните денови падна под триесет илјади, а на најтешките случаи под три илјади. Во француските болници во моментов од ковид се лекуваат 28.643 лица, од кои 2.923 се на интензивна нега. За 24 часа починале 79 пациенти.

Бројот на заразени на сто илјади жители падна под илјада, додека во средината на јануари изнесуваше повеќе од три и пол илјади.

Еден заболен инфицира во просек 0,55 отсто од луѓето, што е еден од најниските проценти од избувнувањето на пандемијата.