Франција со остра порака до Полска: „Можете и да си одите од ЕУ!“

LinkSense.mk

Франција ја предупреди Полска дека би можела да и воведе санкции, вклучувајќи и финансиски, заради неодамна донесената пресуда на полскиот Уставен суд дека одделни членови на повелбата а Европската унија се неуставни во таа држава.

Тоа го изјави фрацускиот министер за европски работи, Клемен Боне, со порака дека никој никогаш не ги приморувал да и се придружат на Унијата.

„Европа е суверен, колективен избор. Можете и да ја напуштите, како што видовме со примерот на Брегзит“, рече Боне.

Францускиот миистер истовремено оцени дека не верува дека Полска сака да ја напушти Европската унија.

„Но, верувам дека рескира, не почитувајќи ги општите начела“, наведе фрацускиот миистер.

Тој посочи дека пред се е неопходно да продолжи политичкиот дијалог.

„Меѓутоа, ако дијалогот не вроди со плод, постојат различни видови на санкции, вклучувајќи и финансиски“, истакна Боне за француските медиуми.

Според неговото мислење, на самитот на шефови на држави и влади на Унијата, кој почнува денес, нема да бидат донесени конкретни одлуки по прашањето за Полска.

„Ќе му дадеме на полскиот премиер прилика да ја разјасни состојбата. Тој, да, навистина, тоа го стори во вторникот пред Европскиот парламент. За жал, тоа не беше толку убедливо, повеќе како цел му беше провокација од било што“, рече Боне.

Патем нагласи дека би можело да се покрене процедура за воведување санкции ако Полска не го смени Уставот во следните неколку месеци.

Да потсетиме, после одлуката на полскиот Уставен суд на 7 октомври, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Брисел нема да и дозволи на Полска да ја загрози вредноста на Европската унија.

Фон дер Лајен рече дека пресудата на Уставниот суд на Полска претставува закана за темелните принципи на Унијата.

Владеењето на правото е лепак кој ја поврзува нашата Унија“, рече таа во текот на расправата во Стразбур за владеењето на правото во Полска.