Франција ќе го затвори музејот „Помпиду“ на пет години

LinkSense.mk

Музејот „Помпиду“ во Париз, еден од најпознатите музеи на уметноста во светот, ќе биде затворен поради реновирање. Таа ќе трае пет години почнувајќи од 2025., најави француската министерка за култура, Рима Абдул Малак.

Во „Помпиду“ се сместени дела на уметници како Пабло Пикасо и Василиј Кандински, коишто лани привлекоа повеќе од три милиони посетители. Но, иновативната структура со стил „однатре – нанадвор“ на архитектите Ричард Роџерс и Ренцо Пијано, се чини, претрпела сериозно абење и оштетување.

Овој музеј, исто така, се соочува со силна конкуренција во лицето на поновите париски галерии, создадени, на пр., од богатата фондација „Луј Витон“ и милијардерот Франсоа-Анри Пино. Според Малак реновирањето „ќе овозможи опстанок“ на музејот.

Таа потсети и дека оваа културна установа примила над 300 милиони туристички посети од неговото отворање во 1977 година.

Музејот „Помпиду“ ја има најголемата колекција на современа уметност во Европа и е водечки светски „позајмувач“ на слики и скулптури – меѓу 8.000 и 10.000 слики годишно доставени на други музеи и галерии.

Ова прво големо реновирање на зградата во нејзината историја, ќе чини 262 милиони евра и ќе предвидува обновба на градбата и структурата, заради заштита од пожари, пристап за лица со попреченост и општи реновирања. Внатре, галериските простори ќе бидат предизајнирани, создавајќи нови области за помладите посетители и проширување на далеку познатата јавна библиотека.

Обновувањето првично требаше да трае од 2023 до 2027 година со цел културната установа повторно да биде отворена за нејзината 50-годишнина, но тој план се промени.

Синџирот музеи „Помпиду“ годинава се обидува и да ја зголеми својата палета меѓународни зделки, со тоа што, на пр., потпиша договор и со Саудиска Арабија во март, за помош во изградбата на музеј на современа уметност во склоп на комплексот на културно наследство „Ал-Ула“. Синџирот веќе има музеи-ограноци во Шангај (Кина), Брисел (Белгија) и Малага (Шпанија), како и голем огранок во Мец, источна Франција. Тие, исто така, работеа и со јужнокорејската бизнис-група „ХАНВХА“ со низа изложби во Сеул.

Фото: Википедија