„Фуријата“ го проголта ривалот! Костарика доживеа „Катар-строфа“

LinkSense.mk

Фудбалската репрезентација на Шпанија без многу помпа дојде на Мундијалот, но вчера покажа дека „црвената фурија“ никогаш не треба да се отпише. Избраниците на Енрике ја демолираа Костарика со резултат 7:0, и му порачаа на светот дека пристигнаа со највисоки амбиции.

Откако Јапонија направи големо изненадување во групата „Г“, ја совлада Германија и приреди супер возбудлива претстава, во вториот натпревар од истата група љубителите на фудбалот останаа лишени од драма и неизвесност, но можеа да уживаат во ревијата на головите.

Се започна со фуриозниот старт на Шпанија, која веќе во првите 10 минути пропушти две големи прилики, а потоа, на истекот на 11-та минута, одличен прием на Даниј Олмо и демонстрација на префинетата техника која ја поседува поранешниот играч на Динамо Загреб и сегашен на Лајпциг.

Само 10 минути подоцна веќе беше 2:0, Жорди Алба продре, го пронајде Марио Асенси, а играчот на Реал Мадрид од прва го удвојува водството. Навас успеа само да ја допре топката, но недоволно за да ја пренасочи од нејзиниот пат кон мрежата.

На кошмарното прво полувреме како да му немаше крај, а се зачини и главниот судија кога покажа на белата точка, откако Жорди Алба беше соборен во казнетиот простор на противникот.

Одговорноста ја презеде Феран Торес, кој со рутинска егзекуција им донесе предност на соиграчите.

Агонија на навивачите на Костарика, а најлошото допрва следуваше…

Второто полувреме беше формалност, Костариканците ниту во еден момент не беа сериозен конкурент.

Прво Феран Торес го казни лошото проигрување на противничката одбрана пред својот гол. Играчот од средниот ред прво ја „украде“ топката, а потоа мирно ја смести во долниот лев агол од голот.

И тогаш… на сцена стапи суперталентираниот Гави. Тинејџерот на Барселона се појави од втор план на совршениот центаршут на Алваро Мората и зголеми на 5:0. Со тоа овој фудбалски фудбалски стана трет најмлад стрелец во историјата на Светските првенства.

Солер во во судиското надополнување донесува импресивни 6:0, а Мората става точка на „И“, за конечно 7:0.

Во второто коло од групата „Е“, Шпанија ќе игра против Германија, додека Костарика својата шанса ќе ја бара против Јапонија.

 

ШПАНИЈА – КОСТАРИКА 7:0

Стадион: Ал Тумам

Гледачи: 44.400 Состави:

ШПАНИЈА: Симон – Аспиликуета, Родри, Лапорт, Алба – Гави, Бускец, Педри – Торес, Асенсио, Олмо.

Тренер: Луис Енрике.

КОСТАРИКА: Навас – Мартинез, Фулер, Дуарте, Калво, Овиедо – Кампбел, Борхес, Техеда, Бенете – Контрерас.

Тренер: Луис Суарез.

 

 

 

 

 

 

(Фото: Ројтерс)