Хамас го обвини Израел за убиство на нивни член

Палестинската организација Хамас го обвини Израел дека преку мрежа на свои агенти, во Тунис убил член на военото крило на таа организација

Во нивното соопштение се прецизира дека авиоинженерот Мухамед Алзоари е најден мртов во својот автомобил во градот Сфакс, во четвртокот.

Хамас објави постер и на него фотографија на која е Алзоари покрај беспилотно летало при некоја обука.

На постерот има лого на военото крило на Хамас, а Алзоари е означен како командир.

Хамас тврди дека поседуваат беспилотни летала за надгледување и за напади.

Организацијата смета дека убиството на Алзоари било смислено и се закани со освета.

Израелската војска не реагираше на заканите.

Израелскиот весник „Харец“ наведува дека Алзоари се приклучил на блискоисточните екстремисти.

Тој, наводно, ја предводел развојната програма за беспилотни летала.

На убиството на Алзоари му претходеа ликвидациите на Имад Мугние, водачот на операциите на либанскиот Хезболах убиен во Дамаск, Хасан Лакис, шефот за технологија на проиранската шиитска организација убиен во Бејрут, Мухамед ал-Мабхух член на Хамас, шверцер на оружје, убиен во Дубаи и Друз Самир Кантар убиен при воздушен напад во Сирија.

Во сите овие случаеви обвинет е Израел.

Израел никогаш за ниту еден настан не се произнел дека токму таа држава стои зад тоа, но јасно порачува дека има право да се бори против тероризмот дури и надвор од своите граници.