Во авион на лет од Приштина до базел, во саботата попладне, дошло до тепачка меѓу патници, пренесува швајцарскиот портал на албански јазик „Кантон 27“.
веста е поткрепена со видео снимка поставена на социјалните мрежи, на која се гледа како постар маж се тепа со повеќе други лица во авионот, пред да биде совладан од маж облечен во бело.
На снимката се слушаат пискотници од жени и деца.
Според пишувањето на порталот, станувало збор за крвава пресметка, која продолжила и после слетувањето, во аеродромската зграда во Базел па и пред неа.
Аеродромската полиција ја потврдила веста за тепачката за весникот „Блик“, кој пишува дека се почнало од конфронтација меѓу две семејства на паркингот на приштинскиот аеродром.
Заради учество во инцидентот уапсени се две лица.