Хиршер славеше во Гармиш Партенкирхен

Австрискиот скијач Марсел Хиршер славеше со 2.39,95 минути, што му беше 20 победа во Светскиот куп. Втор беше Швеѓанецот Олсон, а трет Германецот Луиц

Марсел Хиршер од Австрија победи денес во велеслалом во Гармиш Партенкирхен, трка која се возеше во рамки на Светскиот куп.

Хиршер до 20 титула во велеслалом во Светскиот куп стигна за две минути, 39 секунди и 95 стотинки.

Второто место со 1,5 секунди заостанување го освои Матс Олсон од Шведска, додека трет беше Германецот Стефан Луиц.

Во генералниот пласман во велеслалом прв е Хиршер со 553 бодови, втор е Хенрик Кристоферсен од Норвешка со 439 бодови, а трет е Матје Февр со 360.

Хиршер е прв и во вкупниот поредок за Светскиот куп со 1.260 бодови, второто место го завзема Кристоферсен со 828 бодови, а трет е Французинот Алексис Пинторо со 360 бодови.