Холандија: Кафулињата и рестораните ќе работат до пет

LinkSense.mk

Холандскиот премиер Марк Руте вчера најави нови мерки за сузбивање на корона вирусот, кои, меѓу останатото, предвидуваат кафулињата, рестораните, баровите и повеќето продавници во Холандија да бидат затворени од 17 часот до 5 часот наутро.

Исто така, во средните училишта се воведува обврска за носење маски, истакна Руте во телевизиско обраќање во Хаг.

Мерките стапуваат на сила утре, недела, 28 ноември, заради рекордниот број на новозаразени и хоспитализирани ковид пациенти во Холандија.

 

 

 

 

 

(Фото: Новости)