Холандската полиција соопшти дека комбе удри во влезот на зградата во која се наоѓа редакцијата на националниот весник „Де Телеграф“, во предградие на Амстердам, после што избувнал пожар.
Зградата била речиси празна во тоа време.
Во инцидентот никој не е повреден
Главниот и одговорен уредник на весникот Пол Јансен изјави дека мотивот е нејасен и наведува дека се чини дека во прашање е намерен напад.
„Ова е причина за голема загриженост, но нема да дозволиме да не заплашат“, изјавил Јансен, наведувајќи дека „новинарството, за жал, е цел на напад подолго време и јасно е дека немаат секаде пријатели“.
Де Телеграф е најголемиот дневен весник во Холандија, специјализиран за спорт и криминал.
Премиерот Марк Рут го опиша нападот на Твитер како “шлаканица за слободата на печатот и холандската демократија”.
Повикувајќи се извори од полицијата, холандскиот портал „НОС“ пишува дека според движењето на комбито се укажува на тоа дека возачот намерно удрил во зградата.
„НОС“, патем, информира дека возачот со уште едно лице кое е соучесник во инцидентот, веднаш по настанот којшто се случил пред зори околу четири часот утрината, побегнале со црн автомобил „ауди“.
Пожарот брзо бил локализиран, а полицијата спроведува истрага и ги бара актерите на овој случај.
Минатата недела ракетата беше лансирана во една канцеларија во истиот дел од Амстердам, каде се сместени неколку списанија, но никој не беше повреден.
Заради вмешаност во тој напад беше уапсен 41-годишен маж .
(Фото: РОЈТЕРС)








