Холандија повеќе нема да постои, затоа што во 2020 година почнува акцијата за ребрендирање на оваа земја која од скоро време ќе биде позната само под името „Низоземска“.
Оваа држава на локалното население и на туристите одамна им беше позната и како Холандија и како Низоземска, и овие две имиња долго време се користеа.
Меѓутоа, ова треба да се промени годинава, затоа што почнуваат најавените планови за официјална промена кога називот Холандија ќе биде заменет на сите официјални документи, пренесува бритаскиот весник „Експрес“.
Овој потег доаѓа како дел од широката кампања за комплетно „ребрендирање“, кое, како што се очекува, ќе ја чини Низоземска 200.000 евра.
Компаниите, амбасадите, министерствата и универзитетите веќе од овој месец ќе можат да го користат новото име.
„Ребрендирањето“ треба да го зголеми меѓуародниот имиџ на Холандија и да привлече повеќе туристи.
Географски, името „Холандија“ покрива само делови од државата околу Амстердам, Ротердам, Хаг и Харлем, но во светот попознато беше тоа име отколку она вистинското Низоземска.







