ХОРОР ВО ГЕРМАНИЈА: Азилант избоде со нож две девојчиња, едното почина, другото тешко рането

LinkSense.mk

Барател на азил од Еритреја (27) со нож нападнал две девојчиња додека оделе на училиште во јужна Германија.14-годишното девојче починало, а 13-годишно девојче е тешко повредено.Од полицијата потврдија дека осомничениот вчера наутро излегол од прифатилиштето за бегалци во Илеркирхберг и ги нападнал ученичките.

Германската полиција го уапсила осомничениот после претресот на блиската зграда.

Го пронашле со нож за кој се сомневаат дека бил употребен во нападот, а приведени се уште двајца мажи. Главниот осомничен моментално се наоѓа под полициски надзор во болница, каде се лекува од неутврдена повреда.

Полицијата во соопштението ја повика јавноста да не го користи овој случај за поттикнување омраза кон странци или баратели на азил.

„Сè што е поврзано со овој инцидент во моментов е целосно нејасно“, им рече на новинарите портпаролот на полицијата Волфганг Јургенс.

Локалните медиуми јавија дека тринаесетгодишното девојче се опоравува од повредите и е надвор од животна опасност.

Според пописот од 2015 година, Илеркирхберг е мал град со помалку од пет илјади жители, а градоначалникот Маркус Хауслер вели дека сите се во шок.

„Жал ми е за девојчето што е убиено и искрено се надевам дека повреденото девојче ќе закрепне.

Полицијата интензивно ја истражува позадината на целиот случај“, напиша на Твитер министерката за внатрешни работи Ненси Фејсер.

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП / Илустрација)