ХОРОР ВО КИНА: 25 загинати во пожар во фабрика за јаглен

LinkSense.mk

Најмалку 25 луѓе загинаа, а десетици се примени во болница, од пожар во управна зграда на фабрика за јаглен во северната кинеска провинција Шанкси, објавија државните медиуми.

Пожарот избувнал околу 6.50 часот (среда 23.50 часот по средноевропско време) во управната четирикатна зграда на компанијата за јаглен „Јонгџу“, во градот Лулијанг.

„Бројот на загинати се искачи на 25. Пожарот е под контрола, а спасувачката операција продолжува“, соопшти државната телевизија ССТВ на кинеската социјална мрежа Веибо.

Првите информации беа за 11 загинати.

ССТВ првично објави дека 63 лица се евакуирани, а 51 се пренесени во болница.

„Причината за пожарот се истражува“, соопшти ССТВ.

Вакви несреќи не се реткост во Кина поради непочитување на безбедносните прописи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Зан Јан / Џинхуа – АФП)