Хорор во Турција: Пет деца и една жена се удавија на пат кон Италија

LinkSense.mk

Шест лица се удавија кога чамец со мигранти, кој бил на пат за Италија, потона во близина на брегот на југозападна Турција, соопшти крајбрежната стража. Од загинатите пет се деца, три се на возраст од десетина години и две се бебиња, и една жена.

Вчера беа спасени вкупно 73 мигранти од четири чамци за спасување, додека операциите за потрага по шесте исчезнати продолжија со два чамци и еден хеликоптер.

Според извештаите, мигрантите првично заминале од Либан за Италија во саботата, но морале да наполнат гориво во близина на брегот на грчкиот остров Родос. Грчката крајбрежна стража, која одговори на нивниот повик за помош, рече дека ги ставила мигрантите во четири чамци за спасување и ги оставила во близина на турските територијални води.

Според податоците на веб-страницата на турската крајбрежна стража, годинава досега се фатени повеќе од 30.000 мигранти, што е двојно повеќе во споредба со истиот период лани.

 

 

 

 

 

(Фото: АП)