Хоспитализирани 1313 ковид-пациенти во болниците во земјава

„Во изминатите 24 часа во ковидцентрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 870 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот“, соопшти
Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои дневно пристигнуваат во Министерството, во болницата во Битола се хоспитализирани 78 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 61 болен, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни о на КОВИД 19.

Во ковид-центарот во Охрид хоспитализирани се 100 пациенти, во Прилеп 119, во ковид-центарот во Гостивар 66, а во Струга 34 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 75 пациенти, во Кочани 25 во Кичево 18, Кавадарци 54, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар седум позитивни и сомнителни на вирусот.

„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1313 и има околу 150 празни болнички кревети во ковидцентрите“, информира Министерството за здравство, напомнувајќи дека  предвид треба да се има дека бројките се менуваат од час во час според направените приеми и дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство наведува дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.