Хрватите уживаат во Ноќта на музеите

Ноќта на музеите, културна манифестација која еднаш годишно се традиционално привлекува голем број граѓани ширум Хрватска, отворена е во Палатата на Хрватската академија на науките и уметностите (ХАЗУ) во Загреб.

Годинешново, дванаесетто издание се одржува на тема „Музиката и музичките великани и нивното влијание во општеството“, на која со желба да се поттикне основањето на Музеј на музиката ќе бидат посветени програми на низа учесници во 110 градови и места.

Ноќта на музеите е прилика на поголем број луѓе, со посебни програми во свечена атмосфера од 18 до еден час после полноќ, на атрактивен начин да се претстави музејската професија.

Оваа година на манифестацијата учествуваат повеќе од 230 музеи, архиви, книжари и културни и образовни институции, од кои повеќето своите програми ги посветија на темата музика, одбрана за да се истакне важната улога на музеите во собирањето, зачувувањето и презентацијата на материјалните и нематеријалните културни наследства, но и влијанието кое музиката и музичарите го имаат низ историјата.