Хрватот Анте Кудуз од следната сезона во дресот на Вардар 1961

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 соопшти денеска дека го договорил хрватскиот лев бек Анте Кудуз како свое големо засилување за следната сезона.

Вардар 1961 потпиша двегодишен договор со Кудуз (25) и тој во Скопје би требало да остане до летото 2023 година.

Повремениот хрватски репрезентативец Кудуз (202 см.) доаѓа од екипата на Динамо Букурешт каде лани настапуваше со Динамо Букурешт во групната фаза од Лигата на шампиони, а беше прогласен и за најдобар ракометар во Романија во 2020 година.

Претходно македонскиот ракометен првак потпиша договори за нови засилувања со Васко Шеваљевиќ и Дарко Ѓукиќ.