Хрватска: Повеќе од 200 лица под истрага за лажни потврди за Ковид, една извадил Цетински?

LinkSense.mk

Иако во најновата акција на Ускок вчераутро беа уапсени само 12 лица, предводена од поранешна медицинска сестра од Здравствениот дом Загреб – Запад, Петра Румиха (32), бројот на осомничени е многу поголем.

Според информациите, се работи за најмалку 200 лица.

Имено, загрепското обвинителство, кое во ноември минатата година ја покрена првата истрага против Румиха за тргување со лажни потврди за Ковид, тогаш ја обвини за само 18 случаи на тргување со вакви потврди, додека вкупно 11 лица беа осомничени.

Акцијата се спроведува пред се во Загреб и со неа се опфатени голем број луѓе.

Мета на истражителите, наводно, е организирана група која креирала лажни сертификати за Ковид за време на пандемијата.

Во тек се претреси на нивните домови.

Во декември минатата година полицијата во компјутерот на уапсената Румиха пронашла информација која укажувала дека таа лажно „вакцинирала“ илјадници луѓе, меѓу кои и некои познати антиваксери.

„Полициските службеници на Полициската управа на Загреб, во соработка со Управата на полицијата, Националната полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утринава започнаа со спроведувањето за опсежна кривична истрага поради сомнение за сторени коруптивни кривични дела поврзани со издавање потврди поврзани за Ковид“, соопштија од загребската полиција.

 

 

 

 

 

 

 

(Инфо/Фото: „Јутарњи лист“)