Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Христијан Мицкоски избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Христијан Мицкоски избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ

декември 24, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со 376 гласа „за“, Христијан Мицкоски е избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ на 16. Конгрес, што вчера и денеска се одржуваше во Валандово.

На изборот гласале 428 од 438 запишани делегати, а имало 52 неважечки ливчиња.

Новоизбраниот претседател Мицкоски, истакна дека главна цел му е консолидацијата на партијата и победа на следните парламетарни избори.

„Сега е време да станеме сите заедно, ВМРО-ДПМНЕ, го очекува тоа од нас, а Македонија – нашата татковина, го бара тоа од нас. Потребен е нов елан и нова енергија, зошто нашиот народ бара светлина и надеж, бидејќи ова што се случува не е светлина, туку темнина и разочарување, рече Мицкоски.

Додаде дека ја замислува Македонија како земја на среќни граѓани, економски просперитетна. Рече дека ќе се залагаа за технолошки развој, инвестиции, подобрување во образованието, здравството, намалување на невработеноста, правичност и независно правосудство.

Им забележа на СДСМ за безидејност, економски колапс и пад на стандардот на граѓаните.

„Членството во ЕУ почна да се користи за протоколарна цел која се спомнува на досадни состаноци на кои мора да се разговара на оваа тема. Патот на Македонија е членство во ЕУ и НАТО, а за тоа треба реален напредок, реално решавање на проблемите по пат на дијалог, рече Мицкоски.

Ги отфрли обвинувањата дека ќе биде нечија марионета, додавајќи дека тоа ќе го потврди со неговата работа и залагања.

„Ќе наметнам нов начин на функционирање, силно темпо на работа, ќе користам совет од сите, ќе носиме одлуки заедно, ќе се борам за нашата заедничка идеја. Ветувам и нема да ве разочарам, рече Мицкоски.

На вториот ден од работата на Конгресот се обрати и досегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој се осврна на минатото политичко искуство во партијата.

Ги повтори проектите кои биле реализирани за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ, кои, според него, го подобриле животот на граѓаните, преку намалување на невработеноста, инфраструктурни и комунални проекти, економска консолидација на државата.

Груевски побара од новиот претседател да работи на обединување на партијата, а од политичките опоненти, национално помирување.

„Потребно е национално помирување. Потребно е да се донесе Закон за амнестија за настаните од 27 април. Само така државата може да оди напред и да се стави крај на политичките освети и реваншизам. Големите политичари така се однесуваат во вакви моменти. Треба Заев да го знае тоа со целосно сочувство за неговата болка од 27 април. Треба тоа да го знае ДУИ, зошто амнестијата кон нив беше за многу потешки дела, рече Груевски.

Додаде дека тоа досега ВМРО-ДПМНЕ го направила четири пати во 27-годишната независност, додавајќи дека нивниот предлог Закон за амнестија е готов и ќе го достават до Собранието.

„Сите овие амнестии беа многу болни и многу тешки за нас, но ние покажавме политички капацитет и државништво во поглед на национално помирување и заедничка иднина, а не заеднички вечен конфликт, освети и реваншизам, рече Груевски.

На 16. Конгрес, Груевски беше избран за почесен претседател, а делегатите изгласаа три резолуции, за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, за економски раст и развој и Резолуција за осуда на политичкиот прогон што го спроведува СДСМ.

На Конгресот просуствуваа гости од ДУИ, како и од колициските партнери и претставници на неколку меѓународни институции.

актуелно вмро-дпмне мицкоски македонија НАТО партија сдсм еу
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.