Цанчев обвинува: „Македонија не го спроведува договорот за добрососедство“

Бугарскиот постојан претставник во ЕУ, Димитар Цанчев, изјави дека Бугарија останува подготвена за дијалог со Македонија, иако земјава продолжува да не го спроведува Договорот за добрососедство, јави Бугарското национално радио (БНР).

„Ние ја поддржуваме политиката на проширување на ЕУ со строго почитување на сите критериуми. За жал, нашите македонски партнери продолжуваат да не го спроведуваат Договорот за соседство со Бугарија, што е еден од условите за отворање на патот на Северна Македонија кон почеток на преговорите. Сепак, Бугарија останува подготвена за дијалог“, изјави амбасадорот Цанчев по состанокот на Советот за општи работи на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Цанчев ја истакна потребата од приоритетно обезбедување на вакцини за земјите од Западниот Балкан, додавајќи дека Софија го поддржува воведувањето на дигитален зелен сертификат, кој треба да го олесни слободното и безбедно движење и водено да придонесе за закрепнување на
туристичкиот сектор.

На состанкот на Советот, одржан онлајн, се разговарало за преговорите за членство во ЕУ на Црна Гора и Србија.