Царовска во посета на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ќе го посети студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје.

Царовска ќе ја оствари посетата заедно со директорот на Државен студентски центар, Дарио Николовски.

Со одлука на Владата, поради ковид пандемијата под посебни протоколи од Комисијата за заразни болести треба да се отворат студентските и средношколските домови, со намалени капацитети за сместување.

Студенти за кои ќе нема место во домовите, ќе треба да си најдат приватно сместување, а државата ќе им исплаќа надомест.