Турската полиција објави официјални фотографии од напаѓачот од ноќниот клуб во Истанбул кој застрела 39, а рани 69 лица.
Државната агенција Анадолија тврди дека фотографиите се од безбедносни камери, но не ја наведува нивната локација.
Засега полицијата приведе осум лица за кои се сомнева дека се поврзани со масакрот, но сеуште трае потрагата по напаѓачот.
Турската полиција вечерва ја заврши операцијата во истанбулскиот кварт Зејтинбурн, поврзана со нападот извршен при дочекот на Новата година во ноќниот клуб „Реина“ во најголемиот турски град.
Новинари од самото место јавуваат дека полицајците си заминале и никого не уапсиле.
Полицијата реагирала на дојава и покренала акција во куќа во Зејтинбурн, а во акцијата учествувале припадници на специјалната единица потпомогнати со неколку хеликоптери.
Постојат сомневања дека напаѓачот во тој дел од градот се качил во такси автомобил и од таму се упатил кон ноќниот клуб „Реина“.
Одделот за борба против тероризмот на истанбулската полиција располага со нова фотографија издвоена од снимка од една од безбедносните камери во клубот, на која најјасно се гледа лицето на терористот и таа открива најповеќе детали.
Турските власти се близу до тоа потполно да го идентификуваат напаѓачот. Го имаат ликот на убиецот и негови отпечатоци од прсти.