Цените на горивата и понатаму ќе бидат најниски во регионот, државните резерви полни

LinkSense.mk

Цените на нафтата и нафтените деривати во земјава и понатаму ќе бидат најконкурентни и најмали во регионот и доколку Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за нивно зголемување, уверуваат властите и порачуваат дека државните резерви се полни.

Сите резерви на нафтени деривати и државни и оперативни се полни и испораки се прават редовно. Нема простор за грижа и паника, граѓаните да не паѓаат на шпекулации, истакна министерот за економија Крешник Бектеши при вчерашната посетата на трговскиот центар „Ист гејт мол“.

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе одлука за новите малопродажни цени на горивата што ќе важат во наредните седум дена. Цената на горивата на светските берзите во изминатата недела постојано расте, а цената на суровата нафта во петокот надмина 120 долари по барел. Сепак, министерот Бектеши уверува дека и да се случи раст на цените тие повторно нема да бидат повисоки од оние во соседните земји.