Цените на нафтата преминаа 84 долари

LinkSense.mk

Цената на нафтата денеска на меѓународниот пазар, поттикната од укинувањето на забраната за патување во Соединетите Американски Држави и подобрените изгледи за побарувачка после зачестените назнаки за заздравување на екоомиите од корона кризата, премина 84 долари.

На лондонскиот пазар цената за барел порасна за 62 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 84,05 долари. На американскиот пазар барел нафта се тргуваше по 82 центи повисока цена, по 82,75 долари.

Пазарите на почетокот на неделата ги охрабри отварањето на американските граници за странски патници и подорување на изгледите за заздравување на глобалната економија после усвојувањето на законот за вложување во инфраструктурата во САД и извештајот за кинескиот извоз.

Повторното отварање на американските граници за вакцинирани патници треба да осигура поттик на побарувачката за керозин“, рече аналитичарот од ПМВ, Тамас Варга, издвојувајќи го и усвојувањето на законот во американскиот Конгрес за 1.000 милијарди долари вложување во инфраструктурата.

Американската инвестициска банка „ЈПМорган“ проценува дека глобалната побарувачка за нафта во ноември речиси се врати на претпандемиското ниво, од 100 барели дневно, после минатогодишниот колапс.

Глобалната побарувачка расте, а водечките производители се воздржани во зголемувањето на понудата и во декември и првите месеци од идната година и планираат да ја зголемат за само 400 илјади барели дневно, како што најавија ова лето.

Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници меѓу независните производители ги отфрлија повиците од САД на пазарот да исфрлат повеќе барели дневно и на минатонеделниот состанок го истакнаа неизвесниот развој на пандемијата со ковид-19.

Американската министерка за енергетика, Џенифер Гранхолм, вчера изјави дека претседателот Џо Бајден би можел идната недела да превземе мерки за да реши проблемот со брзиот раст на цената на бензините.

Аналитичарите проценуваат дека и покрај речиси изедначената понуда и побарувачка на глобалниот пазар, извештаите покажуваат раст на резервите во САД во минатата недела, што би можело да го закочи трендот на раст на цената. Американскиот институт за нафта (АПИ) ќе го објави извештајот во текот на денот, а владата утре.

Одвоено, ОПЕК денеска објави дека барел референтна кошничка нафта од неговите членки вчера чинеше 82.34 долари, што значи дека бил 2,23 долари поскап отколку на крајот на минатата седмица.

 

 

 

(Фото: ЕПА)