Цените на храната во светот вртоглаво растат

Цените на храната на светско ниво продолжија значително да растат оваа година, при што индексот на цените порасна за 27 отсто, според информативно – аналитичката агенција ИНФОлајн.

Ова е едо од најдинамичните поскапувања од 70-тите. Тогаш нивото на цените беше отприлика ист, но тогаш беше поврзан со глобалните финансиски промени. Веќе 40 години не дошло до такво поскапување какво што сега гледаме“, изјави за медиумите извршиот директор на ИНФОлајн, Иван Федјаков.

Аналитичарот укажа на фактот дека цените на различни добра се поврзани.

Цените растат не само за овошје и зеленчук или млеко, туку и за сточна храна и ѓубриво. Ова покренува спирала на цените, цените растат и ќе продолжат да растат“, смета Федјаков.

Европската статистичка агеција Еуростат извести дека стапката на инфлација во земјите на еврозоната порасна во септември на 3,4 отсто на годишно ниво заради скокот на цените на енергенсите.

Стапката на инфлација забележана во септември во 19 земји од еврозоната е највисока од септември 2008 година кога беше 3,6 отсто“, рече за Франс прес портпаролот на Еуростат.

Да потсетиме, основните прехранбени намирници во Германија драстично поскапуваат, а некои од нив во трговијата наскоро би можеле да бидат и до 25 отсто поскапи.

Во Велика Британија, најголемите производители, вклучувајќи ги и производителите на челик, стакло, керамика и хартија, ја предупредиле владата дека би можеле да бидат присилени да го запрат производството ако не се превземе нешто во врска со високите цени на гасот.

Албанскиот премиер Еди Рама пред два дена изјави дека неговата држава е во вонредна состојба заради снабдувањето со електрична енергија.

Светските цени на прехранбените производи растат и заради влошувањето на извозните можности и големата порарувачка за производи како што се пченицата и маслото од палма, а меѓу останатото и заради пандемијата предизвикана со корона вирус.

 

 

 

(Фото: Новости)