Црна Гора: Уапсена поранешна претседателка на Врховниот суд

LinkSense.mk

Во регионот продолжуваат апсењата кои се поврзуваат со криптираната апликација „Скај“ (Sky). Во саботата вечерта на аеродромот Голубовци е уапсена Весна Меденица, поранешна претседателка на Врховниот суд.

Според информациите Меденица е уапсена по налог на Специјалниот државен обвинител малку после 22 часот, пред качување во авионот за Белград. Наводно, имала купено билет за во еден правец.

Специјалното државно обвинителство ја сомничи дека извршила две кривични дела – формирање криминална организација и противзаконско влијание. И нејзиното апсење е поврзано со акциите кои се спроведуваат откако е пробиена апликацијата „Скај“ која ја користеле бројни кримиални групи.

Специјалното овинителство и Еуропол во февруари годинава добило траскрипти од разговор на нејзиниот син Милош Меденица (35) и Дарко Лаловиќ, долгогодишен телохранител на Весна Меденица.

Во март, полицијата потврди дека Милош Меденица користел шифриран телефон преку кој договорил шверц на дрога од Колумбија и шверц на цигари. Токму во тие разговори Меденица откри дека мајка му е свесна за неговиот валкан бизнис и дека ќе ги заштити ако треба, „бидејќи знае многу за нив“, алудирајќи на конкурентите во шверцот на цигари.

Тие се смирија со ‘Грандовци’ и исфрлаат по четири камиони за пет дена. И го од… (звучен прекин) тој Пекиќ и ја пласираат приказната дека јас сум го направил тоа. Ама, па, нас не боли к.., затоа што таа знае се од почеток, затоа што, за не дај Боже, нека е во тек, да може да не заштити. Напаѓаме со истото како тие нас. Дури и посилно. Уште па и дојдоа кај неа да ја молат да им помогне“, се наведува во пораките на Меденица и Лаловиќ.

Специјалното државно обвинителство ведаш по добиените разговори отвори случај против Милош Меденица и го идентификуваше како еден од организаторите на криминална група, но тој успеа да побегне од Црна Гора. Неговата мајка Весна Меденица беше на чело на Врховниот суд 13 години, до нејзината оставка на крајот на 2020 година.

На Меденица, наводно, во неделата и се влошила здравствената состојба и завршила во Итната помош. Од судот и од полицијата велат дека нејзината здравствена состојба е стабилна, но дека извесо време ќе биде задржана на лекување.