Цукеберг наметнува нови вредности: Вработените стануваат „Мета другари“

LinkSense.mk

Вработените во „Мета“, компанијата во која се вклучени „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“, имаат ново име – „Мета другари“ и треба интересите на компанијата да ги стават пред своите.

За време на виртуелниот состанок на „Мета“, извршниот директор Марк Цукерберг ги претставил новите вредности според кои компанијата ќе се однесува, откри новинарот на порталот „Верџ“, Алекс Хит.

Еден од најважните слогани е: „Мета, ‘Мета другари’, јас“.

Ова е редот на важност по кој вработените во компанијата треба да ги одредат своите интереси во однос на другите колеги и оние на компанијата.

И Вашингтон пост ги потврди зборовите на новинарот на Верџ.

Мета другарите“, според тоа, во иднина ќе имаат нови вредности. Цукерберг им порачал на вработените и дека се менуваат некои стари директиви.

Така, онаа стара парола „движете се брзо“ премина во „заедно движете се брзо“, а „бидете храбри“ сега е „правете сјајни работи“.

Корпоративната вредност на Фејсбук“ – „бидете отворени“ стана „живејте во иднината“.

Останува да се види колку новите слогани, изрази и промени во корпоративното однесување ќе придонесат за подобрување на катастрофалните деловни резултати на „Мета“ по падот на вредноста на акциите за 30 отсто.

 

 

 

 

 

(Фото: Танјуг/АП)